Средба на градоначалникот Митовски со секретарот на ОО Црвен крст, Дарко Пешевски

Градоначалникот Сашко Митовски оствари средба со секретарот на Општинската организација на Црвен крст од Крива Паланка, Дарко Пешевски. На средбата градоначалникот Митовски се запозна со тековните активности на организацијата, а се  разговараше за продолжување и унапредување на досегашната успешна соработка на Општината со ОО Црвен крст Крива Паланка.

Општина Крива Паланка  и ОО Црвен крст тековно заеднички го имплементираат проектот „Одговорни институции- среќни граѓани”, насочен кон помош и нега на стари лица во домашни услови, а со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и Светска банка.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст