Училишниот оркестар при ООУ „Јоаким Крчовски“ се закити со уште една награда

Училишниот оркестар при кривопаланечкото основно училиште „Јоаким Крчовски“, под менторствот на професорката по музичко образование, Лариса Жулина-Митовски, оствари уште еден во низата бројни успешни и наградувани настапи. Оркестарот учествуваше на годинашниот Меѓународен фестивал „Душата на Русија” што се одржа во Музејот на македонската борба во Скопје. Фестивалот е во организација на Асоцијација Озарение – Скопје со поддршка на претставништвото на „Россотрудничество“ во Скопје, при Амбасадата на Руската федерација во Република Северна Македонија.

-Фестивалот е со натпреварувачки карактер со три номинации: музички перформанс, драмска презентација и есеј на тема „Моите мисли за Русија“. Учениците од нашиот училишен оркестар учествуваа во првата номинација за музички перформанс со вариијации на тема руска народна песна „Василек” со мојот аранжман. Покрај награда за оркестарот, како соло изведувачи награди освоија: Дарија Пешовска, Меглена Георгиева, Матеј Георгиев, Николина Дојчиновска, Ева Јакимовска, Горјан Николовски, Михаил Митовски, Теодор Смиљков и Леон Јанковски. Публиката беше воодушевена од нивните настапи, изјави професорката и ментор Лариса Жулина-Митовски.

На Меѓународниот фестивал учествуваа учесници од РС Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Грузија.

Големина на фонт
Контраст