Успешно заврши јавниот повик за изведувач на пругата Куманово – Бељаковце и Бељаковце – Крива Паланка

На повидок е реализацијата на еден од круцијалните, капитални проекти во државата, особено значаен за нашиот регион. Јавното претпријатие „Железници на Република Северна Македонија“ успешно го заврши јавниот повик за понуди за избор на изведувач за рехабилитација и градба на фаза 1 од пругата Куманово-Бељаковце, и за фаза 2 реконструкција и изградба на делницата Бељаковце-Крива Паланка од железничкото поврзување на Коридорот 8, проект вреден 68,6 милиони евра финансиран од ЕБОР со грант одобрен преку инструментот Инвестициски фонд за Западен Балкан на ЕУ.

По завршување на постапката за избор на надзор, ќе се создадат услови за остварување на најавата за отпочнување на градежните работи на овие делници од железницата на Коридорот 8 во првиот квартал на наредната година.

Големина на фонт
Контраст