Градоначалникот Митовски направи увид во реализацијата на проектите за изградба на минор коритото на Крива Река

Градоначалникот Митовски, со претставници на стручните служби од Општината и надлежните лица од МСИП единицата при Министерството за финансии извршија увид во реализацијата на проектите за изградба на минор коритото на Крива Река, (дел 1 и дел 3), а кои се реализираат со кредит и  грант средства од Министерството за финансии на Република Северна Македонија и МИСП проектот.

При посетата на надлежните лица од МСИП единицата беше разгледана можноста за доискористување на средствата преостанати од кредитот во износ од околу 3.800.000 денари.

Големина на фонт
Контраст