Вовед во градежните активности од завршната фаза од изградбата на минор коритото на Крива Река

Во oпштина Крива Паланка започнаа активностите за изградба на минор коритото на Крива Река, дел 3 последна фаза. Се работи на потегот од Осички мост до спортскиот комплекс, каде ќе биде изградено минор коритото во должина од 217 метри, кое понатаму ќе овозможи и партерно уредување на мајор коритото со предвидените содржини.

Во рамки на овој проект ќе биде изграден и нов пешачки мост кај спортскиот комплекс.

Изведувач на работите е градежната оператива на „Лабино Трејд“ ДООЕЛ –Гостивар, а надзор на работите е ВЕИНГ ДООЕЛ-Скопје.

Овој проект се реализира со грант од Светска банка во висина од околу 6.5 милиони денари.

 

 

Големина на фонт
Контраст