Известување за градежни активности за регулација на минор корито на Крива Река

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека во периодот од 25.10.2021 година до 25.04.2022 година ќе се изведуваат работи – Регулација на минор корито на Крива Река во должина од 217м во Крива Паланка. Работите ги изведува фирмата ДПТТГТУ Лабино Трејд ул.Димитар Влахов бр.15 Гостивар, а инвеститор е Општина Крива Паланка ул.Св.Јоаким Осоговски бр.175 Крива Паланка. Овој проект се реализира со грант средства од Министерството за финансии на Република Северна Македонија и МИСП проектот, со цел подобрување на квалитетот на живот на месното население.

Ве известуваме дека од страна на Изведувачот ќе биде обележано местото на изведба на проектот, и ги замолуваме граѓаните при користење на велосипедската патека да ги почитуваат поставените обележја.

Ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување од Ваша страна за  потребите на брзо и навремено спроведување на градежните работи.

За дополнителни информации/прашања, Ве молиме да се обратите кај Никола Граматиков дги, менаџер на проектот,  телефон 075-250-374, од Општина Крива Паланка.

 

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник
Борјанчо Мицевски

 

Големина на фонт
Контраст