Професорката Елена Николовска одликувана со орден „Витез од редот на академските палми“

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер ја одликуваше професорката по француски јазик и литература во ООУ „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка, Елена Николовска со орден „Витез од редот на академските палми“. Професорката Николовска го доби ова високо одликување за нејзината работа и посветеноста во изучувањето на францускиот јазик.

Амбасадорот Бомгартнер истакна дека ентузијазмот и упорноста на професорката Елена Николовска во ширењето на францускиот јазик, култура и воопшто на франкофонијата е токму тоа што и го донело ова високо одликување.

Ова одликување, воспоставено во 1808 година, се доделува за исклучителни заслуги во областа на образованието.

 

 

Големина на фонт
Контраст