Министерката за образование и наука Мила Царовска во посета на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“

Министерката за образование и наука, Мила Царовска и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски го посетија средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, каде за прв пат оваа година се воведе една медицинска паралелка и четири дуални стручни паралелки.

Како што изјави директорката на СОУ „Ѓорче Петров“, Габриела Стаменковска,  во поголем дел од струките во гимназијата е воведен концептот на дуално образование, што подразбира повеќе практична настава за учениците директно на работно место, а помалку изучување теорија.

„Оваа учебна година нашето училиште има со што да се пофали бидејќи имаме пет стручни паралелки во прва година од кои, во четири од нив се запишани ученици со дуално образование и тоа во машинска, електротехничка, угостителско-туристичка и здравствена струка.

На ниво на Општина оваа година во споредба со минатата имаме 50 ученика помалку завршени деветто одделенци, а бројот на запишани ученици во гиманзијата е идентичен како и минатат година, што значи дека сме го направиле вистинскиот чекор и избор за да ги придобиеме учениците да се запишат во стучно образование. Исто така задржани се и учениците од гимназиските паралелки и оваа учебна година имаме идентичен број на гимназиски паралелки, како и минатата“, изјави директорката Стаменковска.

„Социјалниот дијалог кој што го започнавме во оваа календарска година со општините, училиштата и компаниите на локално ниво, со цел постигнување стуки кои што се побарувани во реалниот сектор да се спроведуваат во средните училишта, даде резултати. Запишани се околу 1400 ученици во дуални паралелки во државата, а отворени се 97 паралелки, додека минатат учебна година имаше само 11, а благодарение на социјалнито дијалог од кампањата „Учи паметно, работи стручно“, потпишани се договори со над 200 копмании.

Она што можев да го видам овде е дека не само што има запишани поголем број ученици во средно стручно образование и имаме четири дуални паралелки, туку и видов мотивиран наставен кадар кој секојдневно работи посветено на пренесуавње на знаењата кон учениците. Од една страна се задржани уечниците да останат во оваа општина и тука да учат, очекуваме во иднина да останат тука и да работат во компаниите со кои училиштето има договор, а од друга страна се подобрува и квалитетот на образованието во општината. Она што го видов е дека училиштето ги има сите кабинети со потребни ресурси за соодветни услови за настава и кога ќе отидат на реална пракса во компаниите ќе имаат сооодветни предзнаења“, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска при посетата на СОУ„Ѓорче Петров“ од Крива Паланка.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски истакна дека изминатите неколку години континуираниот напор со директорката и наставниот кадар да се даде нов тек на настаните во воспитно- образовнито процес во општината, вродиле со плод.

„Кампањата „Учи паметно-работи стручно“  привлече внимание кај ученциите и имаме зголемен број стручни паралелки. Гимназијата успеа сите кабинети и простории за изведување практична настава да ги опреми и прилагоди и сега учениците имаат одлични услови за изведување настава. Очекуваме да се обучи квалитетен кадар соодветно на барањата на пазарот на труд, кој ќе се вработи тука во локалните компании“, изјави градоначалникот Мицевски.

Градоначалникот упати благодарност до компаниите кои се одзваа на повикот да се изведува практичната настава во нивните простории како и до Министерството за образование и наука кое ги препозна потребите на локалната заедница.

 

Големина на фонт
Контраст