Интензивно се работи на уредување на локалитетот „Станечки Водопади“

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денеска заедно со проектниот тим изврши увид во градежните работи кои се во тек на пешачко-рекреативната патека до водопадите на Козја Река, познати како Станечки Водопади.

Изведувач на работите е МАЉОКУ ДООЕЛ, а изградбата на патеката ќе се одвива во две фази, од училиштето во с.Станци до водопадите на Козја Река каде што е предвидено и соодветно уредување на просторот и втора фаза која што опфаќа уредување на патеката од Станечки Водопади до локалитет „Ловечка куќичка“. Вкупната должина на патеката е околу 4300 метри.

Изградбата на патеката е финансирана во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ помеѓу Република Северна Македонија и Србија, во рамки на проектот „Да ги поврземе бисерите“ кој што Општина Крива Паланка го имплементира во партнерство со  Лесковац и Центарот за  развој на пчињскиот и јабланичкиот регион на Србија.

 

Големина на фонт
Контраст