Асфалтиран крак од улицата „Пере Тошев“

Општина Крива Паланка во рамки на своите активности за изградба и одржување на комуналната инфраструктура изврши асфалтирање на крак 2 од улицата „Пере Тошев“ во населбата „Бегови Бавчи“. Кракот е со должина од 128 метри и просечна ширина од 3,9 метри.

Извршено е отстранување на оштетен коловоз, тампонирање, подготовка на подтло и асфалтирање со БНХС Д=7см. Истовремено е извршена делумна реконструкција на водоводна и канализациона мрежа и нивелирање на постоечки шахти.

Општина Крива Паланка продолжува со активностите за унапредување на комуналната инфраструктура и подобрување на условите за пристап за сите граѓани.

Големина на фонт
Контраст