Прием за младите кошаркарки од Крива Паланка по освојување на ФИБА Челенџер турнирот во Грузија

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес организираше прием за младите репрезентативки од Крива Паланка, а по повод нивната успешна мисија во женска кадетска кошаркарска репрезентација (У16) на ФИБА Челенџер турнирот, кој се одржа во Тбилиси, Грузија.

Покрај репрезентивките од Крива Паланка, на приемот присуствуваа и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, спортскиот директор на КФСМ, Тодор Гечевски, тренерот на репрезентацијата до 16 години, Ведран Белешковски и Ирена Белешковска претставник од матичниот кошаркарски клуб од Крива Паланка.

Градоначалникот Мицевки  упати искрени честитки за освоениот трофеј и го изрази своето големо задоволство за успехот и заедничките напори и вложениот труд на сите чинители вклучени во оваа успешна приказна на „златните девојки“ од Крива Паланка.

– Посебно сум горд на вас како криволанчанки кои покажавте дека кога се игра со срце, успехот не изостанува, а вистинските инвестиции даваат реални резултати, изјави градоначалникот Мицевски.

Мицевски ги информираше присутните гости  за досегашните активности на Општината во унапредувањето на спортот и создавањето на квалитетни услови за нивните активности, како и за изградбата на спортската инфраструктура во градот, а воедно ги потенцираше и плановите и  иницијативата за изградба на современ тренинг центар за подготовки и тренизи на младите спортисти од Крива Паланка.

 

 

Големина на фонт
Контраст