Набавено специјализирано возило наменето за лицата со посебни потреби

Градоначалникот Борјанчо Мицевски во присуство на потпретседателот на Владата, Љупчо Николовски и министерот за локална самоуправа Горан Милевски го предаде во употреба специјализираното возило наменето за лица со посебни потреби.

Особена чест и задоволство е што денеска го гледаме крајот на еден проект и една идеја, која потекнува токму од Крива Паланка. Имено пред две години Општина  Крива Паланка започна еден процес на децентрализација на социјалните услуги, и најпрво го конституираше Советот за социјална заштита, а понатаму  донесовме Стратегијата и план со мапирање на сите семејства и целни групи во ризик и по однос на тоа што го констатиравме, како бенефит, напредок и позитивна практика, го преточивме и на ниво на Свероисточниот плански регион.  Резултат на тие активности кои беа иницирани од наша страна како Општина,  е денешната набавка на ова специјализирано возило за транспорт на корисниците на Дневниот центар,  изјави градоначалникот Мицевски.

Возилото е набавено во рамки на проектот „Социјална инклузија на корисници на Дневни центри за лица со посебни потреби и подобрување на социјалните услуги преку подобрување на нивниот транспорт“ преку Советот за социјална заштита на Североисточниот плански регион, а со помош на Швајцарската развојна агенција за потребите на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Крива Паланка. Возилото е со вредност од 2.140.000 денари.

Општина Крива Паланка прави голем исчекор  и продолжува да биде иницијатор на продуктивни идеи и добри практики, кои се пример  за успешна  реализација и имплементација на проекти од овој тип и на регионално и национално ниво. За ваквата улога на Општината сведочат релизираните проекти „Грижа за стари лица“ и „Одговорни институции- среќни граѓани”, во рамки на кој се изврши набавка на уште едно специјализирано теренско возило за потребите на  корисниците на услугите, а воедно се направи и обука и се лиценцирани  20 негуватели, стручно обучени за пружање помош и нега во домашни услови на стари и изнемоштени лица.

 

 

Големина на фонт
Контраст