Општина Крива Паланка со високо ниво на транспарентност според Извештајот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер

Според објавениот Извештај за извршената проверка на објавените документи и информации кои општините, ЗЕЛС и Центрите за развој на плански региони во Република Северна Македонија како иматели на информации се обврзани да ги објават на своите веб-страници, Општина Крива Паланка со 18 поени е на петтото место и е во групата на општини со високо ниво на транспарентност.

Мониторингот на 88 иматели на информации, односно на веб страниците на општините, Заедницата на единиците на локална самоуправа и Центрите за развој на планските региони е  спроведен од страна на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, во периодот од 1 до 20 јули 2021 година.

Извештај за извршената проверка на објавените документи и информации кои општините, ЗЕЛС и Центрите за развој на плански региони во Република Северна Македонија како иматели на информации се обврзани да ги објават на своите веб-страници

Големина на фонт
Контраст