Набавено ново теренско возило за потребите на проектот „Одговорни институции- среќни граѓани“

Денес во Општина Крива Паланка беше предадено во употреба специјализирано возило за транспорт и теренска работа на негуватели на стари лица во домашни услови и за потребите на  корисниците на услугите.

Набавката на возилото е дел од проектот „Одговорни институции- среќни граѓани” кој Општина Крива Паланка  и Црвен крст го имплементираат со финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и Светска банка, во рамки на проект за подобрување на социјални услуги.

Проект е насочен кон помош и нега на стари лица во домашни услови, а во претходниот период беше извршена обука на 20 негуватели кои ќе пружат нега на 40 стари лица во домашни услови.

 

Големина на фонт
Контраст