Учениците од стручните училишта од Крива Паланка, Кумaново и Тетово учеа преку работа

Ученици од стручните училишта од Крива Паланка, Кумaново и Тетово развиваа вештини и учеа преку работа, во рамки на проектот Учење преку работа ( Work based learning), од програмата ЕРАЗМУС + акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука.

Координатор на проектот е СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, партнери се ССОУ „Наце Буѓони“од Куманово и РЦСОО „Моша Пијаде“ од Тетово, додека партнер – домаќин е Невладина организација од Португалија.

 

– Проектот е успешно реализиран во мај 2021 година. Учениците и наставниците, кои беа вклучени во проектот, развија различни вештини и тоа: професионални, социјални, мултикултурни, интеграција во различни средини, одговорности, јазични подобрувања, како и други придобивки, истакна координаторот на проектот Драгана Стојановска.

 

Сите учесници во проектот ги претставуваат училиштата и нивната работа во стручното образование. Во мобилноста од секое училиште учествуваа по 5 ученици и 1 наставник. Вкупно 15 ученици, 1 придружно лице и 3-ца наставници од нашата држава престојуваа 14 дена во Povoa de Varzim, во Португалија, каде ги реализираа предвидените активности. Во мај годинава беа реализирани и дополнителни 2 дена патувања.

Како дел од дисеминацијата изработено е и промотивно видео од страна на учесниците на проектот, со цел успешно промовирање на постигнатите цели.

Големина на фонт
Контраст