Започнува изградба на пристапниот пат кон новите градски гробишта

Во Крива Паланка, денеска, започна изградбата на пристапнаната улица кон новите грaдски гробишта во должина од 828 метри. Инвестицијата е во висина од 11.723.580 денари, обезбедени преку  Министерството за транспорт и врски во рамки на проектот за поврзување на локалните патишта, со заем од Светска банка. Рокот на изведба е 10 месеци, а изведувачи на работите се фирмата Ескаватори и Битем.

Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Мицевски изјави дека во изминатите неколку години во и околу Крива Паланка во континуитет се работи на интензивно подобрување на локалната и регионалната патна мрежа, а во таа насока е и почетокот на изградба на пристапна улица кон новите градски гробишта, како еден од проектите од приоритетно значење за локалната заедница.

– Во рамки на проектот  „Поврзување на локални патишта“ на Министерството за транспорт и врски, на општина Крива Паланка и се доделени 984.694 евра, со што во следниот период се отвора можност за реализација на уште една до две капитални инвестиции во делот на патната инфраструктура. Работиме посветено и одговорно за решавање на секојдневните проблеми на граѓаните на Крива Паланка, изјави градоначалникот Мицевски.

На почетокот на реализацијата на градежните активности присуствуваа и вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Вицепремиерот Николовски нагласи дека се  работи на квалитетно подобрување на локалната патна инфраструктура во секоја општина подеднакво, се вложува во рамномерен регионален развој преку проекти кои значат подобри услови за сите граѓани и подобар животен стандард и економски развој на секоја општина.

-Со овој инфраструктурен зафат, граѓаните на Крива Паланка ќе добијат модерна патна инфраструктура, со патека за пешаци, потпорни ѕидови и паркинг простор кој одговара на потребите на локалитетот, изјави вицепремиерот Николовски

Министерот Бочварски посочи дека со засилена динамика продолжува реализацијата на еден од најважните проекти наменет за општините, проектот „Поврзување на локални патишта“.

– Оваа формула за финансирање на локалните патни проекти коишто се суштествени за општините се одличен доказ за соработката, но и за помошта која Владата и Министерството за транспорт и врски им ја вбризгува како помош на локалните самоуправа“, изјави министерот Бочварски.

 


Големина на фонт
Контраст