СОУ „Ѓорче Петров“ доби современ спортски терен

Заврши реконструкцијата на спортскиот терен на средното општинско училиште „Ѓорче Петров”, со што значително се подобрени условите за реализација на наставата по спорт и спортските активности.

Во рамки на реконструкцијата на теренот, руинираната подлога е заменета со тартан како адекватна подлога за реализација на физички активности, извршена е замена на оградата,  поставени се рефлектори за користење на теренот и во вечерните часови,  обновени се  реквизитите, а е поставена и пристапна рампа за лица со инвалидитет.

Проектот е реализиран со средства од буџетот на училиштето, а истиот е во висина од околу 7.5 милиони денари.

Големина на фонт
Контраст