Општина Крива Паланка назначи службеник за млади

Согласно Законот за младинско учество и младински политики,  Даниела Милошевска е назначена за службеник за млади во Општина Крива Паланка. Службеникот е лице за контакт и полесна комуникација со младите околу прашањата што ги засегаат, а се во врска со работата на локалната самоуправа.

Службеникот за млади ќе биде одговорен за развивање, планирање и следење на активностите поврзани со младите и младинските политики, поддршка на работата на локалната самоуправа, локалниот младински совет, неговите членови, спроведувањето на неговата програма, известување и транспарентност и одржување на комуникација и редовна соработка со младинските форми на здружување и младите.

Младите ќе можат да комуницираат со службеникот преку [email protected].

Големина на фонт
Контраст