Интензивно се работи на нова инфраструктура во општината

Градоначалникот Mицeвски, заедно со стручните служби од општината и надзорниот орган, изврши увид во работите на терен на дел од проектите кои се во фаза на реализација и тоа:

-Изградба на минор коритото на Крива Река-дел 1 во должина од 926 метри, финансиран преку проектот за Подобрување на општински услуги преку Министерство за финансии и Светска банка и

-Изградба на потпорен зид на улица  „Баглачка“ –фаза 2 во должина од околу 50-тина метри и просечна висина од околу 4,5 метри, финансиран со средства од буџетот на општина Крива Паланка.

Притоа беше констатирано дека работите се одвиваат според потпишаните договори со Изведувачите и техничката документација и главно според предвидената динамика за реализација и според временските услови кои беа во изминатиот период. На изведувачите им беше укажано дека со подобрување на временските услови треба да интезивираат работите и да бидат запазени предвидените рокови што беше прифатено од нивна страна.

 

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст