Младите пијанисти од Крива Паланка успешно се претставија на Меѓународниот натпревар „CULTURE CARAVAN 2021“

Во конкуренција од 26 земји младите музичари од Крива Паланка под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски успешно се претставија и освоија високи места на XVI Меѓународен музички натпреавар „CULTURE CARAVAN 2021“ – Ирска кој се одржа овој месец, онлајн поради Ковид-пандемијата.

Миа Тренчовска – ПРВА НАГРАДА

Дарија Пешовска – ПРВА НАГРАДА

Горјан Николовски – ТРЕТА НАГРАДА

Сара Стојановска – ТРЕТА НАГРАДА

Теодор Смиљков – ТРЕТА НАГРАДА

Леон Јанковски  – ПРИЗНАНИЕ ЗА УЧЕСТВО

– Навистина сум горда на постигнатите успеси и среќна за ова преубаво искуство. Се обидовме заедно со родителите да извлечеме максимум од нашите деца во ова време-невреме, порача професорката Лариса Жулина – Митовски.

На натперварот во оваа пролетна сезона се претставија млади музичари од Естонија, Италија, Летонија, Литванија, Малта, Македонија, Полска, Словенија, Романија, Русија, Белорусија, Молдавија, Србија, Бугарија, Германија, Казахстан, Кувајт, Узбекистан, Јужна Африка , Велика Британија, САД, Португалија, Грција, Обединетите Арапски Емирати, Ирска, Азербејџан.

Да се гордееме на уште многу успеси на нашите ученици.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст