Реконструкцијата на регионалниот пат Узем-Тораница во завршна фаза

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми денеска беа во работна посета на Крива Паланка и заедно со градоначалникот Борјанчо Мицевски извршија увид во завршните градежни работи за реконструкција на регионалниот пат Узем – Тораница.

Со рехабилитација на регионалниот пат од село Узем до рудникот Тораница, во должина од 10 километри,  се олеснува секојдневното функционирање на жителите од регионот и се подобрвуваат условите за работа на еден од најважните индустриски капацитети во кривопаланечкиот регион, рудникот Тораница.

Инвестицијата е во вредност од околу 2 милиони евра со ДДВ, а изведувач на работите е фирмата „Ескватори“.

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст