Во Крива Паланка промоција на книгата „Топонимијата во Кривопаланечко“ од д-р Весна Миовска

Вчера во просториите на Општина Крива Паланка свечено беше промовирана книгата „ТОПОНИМИЈАТА ВО КРИВОПАЛАНЕЧКО“ од д-р Весна Миовска, научен соработник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје.

Книгата Топонимијата во Кривопаланечко претставува стручен труд од областа на лингвистиката, која што авторот Миовска го одбранува како докторска дисертација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 2010 година под менсторство на проф. д-р Олга Иванова.

Трудот претставува капитално монографско дело за топономијата на нашиот регион –  Кривопаланечко (пор: Славиште) и е мошне значајно како дело во мозаикот на трудови од областа на ономастиката и топономастиката во нашата земја.

Инаку издавањето на книгата е реализирано во заедничка соработка помеѓу Oпштина Крива Паланка, Градскиот музеј во Крива Паланка и Институтот за македонски јазик, а финансиски е поддржано од општината и Градскиот музеј во Крива Паланка.

Градскиот музеј во Крива Паланка долги години наназад успешно одржува соработка со скоро сите јавни научни установи во државата, при што од оваа соработка произлегоа вредни резултати како што се печатење на заеднички изданија, организирање на заеднички теренски истражувања, организирање и реализирање на заеднички научни конференции и симпозиуми, како и размена на книги и стручна литература.

 

Големина на фонт
Контраст