СОУ „Ѓорче Петров“ ги отвори вратите за идните средношколци

СОУ „Ѓорче Петров“ денес ги отвори вратите за идните средношколци, со цел да се запознаат со можностите кои ги нуди стручното образование. Активностите се дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно“ на Министерството за образование и наука која се спроведува со подршка на Швајцарската амбасада во Скопје, во рамки на која со интензивен дијалог помеѓу Oпштина Крива Паланка и компаниите се дефинираа потребите од отварање на нови образовни профили и паралелки на локално ниво.

Во СОУ „Ѓорче Петров“ согласно конкурсот за упис на средно образование во учебната 2021/2022 година може да се запишат вкупно 270 ученика кои може да изберат помеѓу гимназиското образование или да одберат една од понудените струки – машинска, електротехничка, угостителско-туристичка и здравствена струка .

Во поголем дел од струките е воведен концептот на дуално образование, што подразбира повеќе практична настава за учениците директно на работно место, а помалку изучување теорија.

За идните средношколци како дополнителна стимулација за прв пат оваа година  е воведувањето на здравствена струка со образовен профил – медицинска сестра.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст