Одржан општински и регионален натпревар за ученици во основно музичко образование 2021

На ден 14.05.2021 година во ООУ „Јоаким Крчовски“–Крива Паланка се одржаа општинскиот и регионалниот натпревар за учениците во основното музичко образование 2021 година, организирани од страна на Здружението на музички и балетски педагози на РСМ. Учениците од нашето училиште го докажаа високиот квалитет и потенцијал.

Под менторство на наставничката по пијано Лариса Жулина-Митовски нејзините ученици ги освоија следните резултати:

Меглена Георгиева – прва награда (100 бодови)

Миа Тренчoвска – прва награда (99.33 бодови)

Матеј Георгиев – прва награда (100 бодови)

Михаил Митовски – прва награда (98.33 бодови)

Леон Јанковски – прва награда (98.67 бодови)

Теодор Смиљков – прва награда (98.33 бодови)

Сара Стојановска – прва награда (97.00 бодови)

Во класата на проф. Дејан Ангеловски, прва награда (100 бодови) по хармоника освои ученикот Христијан Митковски.

Сите осум ученици продолжуваат на Државен натпревар за ученици во основно музичко образование 2021. Им посакуваме успех.

Натпреварот е одржан со физичко присуство според протоколите објавени од МОН во мај 2021 г.

Програмите за натпреварот за основно музичко образование за 2021 г. се објавени на следниот линк

Правилата за одржување на натпреварот се објавени во Правилникот за организирање на општински, регионален и државен натпревар на ученици во основно музичко образование.

https://www.youtube.com/watch?v=O2XqOrKNQj8

 

Големина на фонт
Контраст