Tековно одржување на коловози на локални улици и патишта

Со подобрување на временските услови и почетокот на градежната сезона Општина Крива Паланка започна со редовни годишни активности за крпење на ударни дупки и тековно одржување на коловози на локални улици и патишта.

Поради изведување на работите повремено ќе доаѓа до кратки прекини и забавување на сообраќајот на улиците на кои се работи што ќе биде соодветно обележано и регулирано од страна на Изведувачот.

Се молат граѓаните да имаат разбирање за горенаведеното, да возат внимателно на посочениот дел од улицата,  да ги почитуваат времено поставените знаци и регулирањето на сообраќајот од страна на Изведувачот на работите и сообраќајната полиција.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст