Награди за кривопаланечките музичари на Меѓународниот натпревар „Сергеј Михајлов 2021″ во Штип

На 10 мај годинава учениците од музичката паралелка од ООУ „Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски учествуваа на вториот Меѓународен натпревар „Сергеј Михајлов 2021″ во Штип.

Фестивалот на млади талентирани музичари е со натпреварувачки карактер и е организиран од страна на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“, со поддршка на Министерство за култура.

Фестивалот беше реализиран со физичко присуство на повеќе локации во градот, а истовремено беше  вклучена  и опцијата за онлајн натпреварувачи.

Натпреварувањето беше организирано од  професионален тим, согласно сите протоколи поради пандемијата, додека комисиите за избор на победниците беа составени од реномирани професори.

И покрај големата конкуренција на млади таленти, учениците од Крива Паланка од класата на професорката Лариса Жулина-Митовски  освоија награди во своите категории. Михаил Митовски освои прва награда, додека Теодор Смиљков трета награда.

Освен успешните настапи и наградите, учениците од фестивалот понесоа позитивни впечатоци од фестивалот и меѓусебната дружба за време на натпреварот.

 

Големина на фонт
Контраст