Италијанскиот и словенечкиот амбасадор во посета на Крива Паланка

По повод одбележувањето на Денот на Европа, амбасадорот на Италија, Н.Е. Андра Силвестри  и амбасадорот на Словенија, Н.Е. Милан Предан, денес ја посетија Општина Крива Паланка и имаа средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски.

На средбата со градоначлникот Мицевски  се разговараше за досегашната соработка на Општина Крива Паланка и Италија во сферата на текстилната и чевларската индистрија, за искуството од првичната соработка со ЛАС „Срце Словеније “од град  Литија од Словенија, како и за отварњето на други можности  за унапредување и развој на конкретни иницијативи за соработка и во други области од значење на локалната заедница.

Градоначалникот Мицевски на амбасадорите Силвестри и Предан им подари примерок од монографијата за Општина Крива Паланка, со цел подобро да се запознаат со историјата и можностите што ги нуди Општината.

Во рамки на посетата амбасадорите Андра Силвестри и Милан Предан ја посетија и Европската куќа, каде што гостите беа информирани  за нејзиното работење, а според програмата се одржа и онлајн дебата на амбасадорите со средношколците од СОУ „Ѓорче Петров“.

Амбасадорите го посетија и  ЛУ Градски музеј како и манастирот „Св.Јоаким Осоговски“.

 

Големина на фонт
Контраст