СОУ „Ѓорче Петров“ интензивно се подготвува за почетокот на следната учебна година

Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од  Крива Паланка интензивно се подготвува за почеток на следната учебна година.  Во тек се градежни активности за менувње на кровот на спортската сала, кој беше дотраен и прокиснуваше, а објектот ќе добие и нова термоенергетска фасада.

Реновирањето е од сопствени извори на финасии во висина од 2.700.000 денари, а со реализација на планираните градежни активности значително ќе се подобрат условите за работа на спортската сала и на придружните кабинети и училници кои се во состав на овој објект.

Во изминатиот период се опремени кабинети за новата здравствена  и угостителска струка, а се реконструира и спортското игралиште во кругот на училиштето.

Големина на фонт
Контраст