Општина Крива Паланка се подготвува за ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД

Градоначалникот Борјачо Мицевски денес имаше координативен состанок сo претставници на организацијата „Мен енд маунтен“ и стручните служби од Општината за подготвителните активности за реализација на големата еколошка акција насловена како „Генералка викенд“. Акцијата ќе се одржи во недела на 9 мај.

Иницијатор на акцијата на глобално ниво е организацијата „Мен енд маунтен“ (Man and Mountain) од Австрија, а општина Крива Паланка е една од десетте општини во РС Македонија, каде ќе се спроведе оваа голема еколошка акција за подигање на свеста и одговорноста кон природата.

Партнери во акцијата се и Делегацијата на Европската Унија во РСМ со нивната кампања „Чисто како дома исто“ и други поддржувачи меѓу кои, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, компанијата за управување со отпадот од пакување „Пакомак“, компаниите „Винчини“ и „Кожувчанка“, локални институции, ЈП Комуналец, училишта, невладини организации и поединци.

Акцијата за чистење на градот ќе се спроведува според однапред утрвден план и програма  и во координација на одговрното лице, раководителот на Одделението за инспекциски надзор, Бранко Велиновски.

Главните локации на кои ќе се собира отпадот се туристичкиот локалитет „Калин Камен“, околината на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, испосницата во село Градец, пешачката патека „Стара вада“, велосипедската патека, речното корито на Крива Река, како и неколку локални пунктови.

Општината го организира и обезбедува јавениот превоз за ученисците во акцијата, ќесите за селектирање на отпадот и заштитни ракавици, промотивниот материјал, маици и кетеринг за учесниците. Акцијата ќе се спроведува во согласност со протоколот за Ковид 19 и мерките за спречување на групирања и во тој контекст ќе бидат поставени 4 пунктови со волонтери: кај Осичка маала, кај мотелот „Македонија“, во населбата „Бегови Бавчи“ (кај бензинската пумпа) и во населбата „Грамаѓе“, од каде ке се врши и организираниот превоз.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски ги повикува граѓаните и институциите да се вклучат во акцијата во што е можно поголем број и во координација со стручните служби од Општината,  да го дадат својот придонес за чист град и здрава еколошка средина.

– Преку оваа акција за чистење на градот сакаме и да ја  подигнеме свеста за одговорниот престој во природа и зачувувањето на природните ресурси, а за секои 10 килограми отпад што ќе биде собран на одредените локациии или во непосредната околина на граѓаните, ќе биде доделена по една садница, која учесниците може да ја засадат на локација по сопствен избор или може да одредиме заедничка локација, со цел да ги зголемите зелените површини, изјави градоначалникот Борјанчо Мицевски.

 

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст