Отворена изложбата на слики „Марини“ на Ацо Таневски

Во НУ Центар за култура Крива Паланка денеска беше отворена изложбата на слики „Марини“ од авторот Ацо Таневски од Скопје. Изложбата содржи 28 дела, пејзажи масло на платно, изработени во периодот од 2002 до 2012 година.

Ацо Таневски роден 1965 година во Скопје. Завршил средно уметничко училиште во 1984 год. како и Факултет за ликовни уметности (педагошки, отсек сликарство) 1991 во Скопје. Член на ДЛУМ од 1993 година, и активен член на Сојузот на ликовни педагози. Тој е многу активен и плоден автор, кој работи на морскиот пејзаж и водата, а морските делови ги претставува на еден свој посебен начин.

Во моментот работи како ликовен едукатор во Национална галерија на Македонија. Организатор на едукативни работилници и изложби за млади. Освен со ликовна, се занимава и со театарска и книжевна уметност.

Изложбата во НУ Центар за култура Крива Паланка ќе биде поставена до 10.05.2021 година.

Големина на фонт
Контраст