Позитивното искуство на Општина Крива Паланка во процестот на децентрализација на социјалните услуги  – пример кој ќе се преслика на регионално ниво

Денес градоначалникот Борјанчо Мицевски имаше работен состанок со Јован Манасиевски, консултант и со  претставникот на проектната единица од проектот „Одржлив рамномерен инклузивен  равој“, кој Министерството за локална самоуправа го спроведува во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка.

Во рамки на овој проект, Североисточниот плански регион е избран како пилот регион каде што ќе се спроведат потребните подготовки за формирање на иницијална оперативност на Советот за социјална заштита на планскиот регион, а општина Крива Паланка е препознаена како најуспешна Општина, чие позитивно искуство и пристап во оваа област, ќе  бидат земени како пример кој ќе се преслика и во регионот.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски ја започна иницијативата за формирањето на тело кое ќе ги третира социјалните услуги на регионално ниво, бидејќи општина Крива Паланка успешно го помина патот, како во процесот на  детектирањето  на социјалните проблеми, така и во процесот на изработка на квалитетен социјален план,  кој  ќе  овозможи соодветно насочување на ресурсите за подобар живот и справување со потешкотиите во секојдневието на луѓето кои се во социјален ризик.

Во рамки на денешната работна посета во општина Крива Паланка, а во функција на подготовка на конституирањето и функционирање на Советот за социјална заштита на Североисточниот плански регион, се одржаа повеќе координативни состаноци со најзначајните чинители во областа на социјалната заштита од општина Крива Паланка.

 

 

Големина на фонт
Контраст