Потпишани договори со здруженија на граѓани за финансиска поддршка на проектни активности

Денеска беа потпишани договори со девет граѓански организации од општина Крива Паланка за користење на грантови, кои Општината ги доделува врз основа на Јавен повик за поднесување на пријави за финансиска поддршка за користење на средства од буџетот.

Со распишувањето на Јавен повик до здруженијата на граѓани и фондации, Општина Крива Паланка овозможи транспаретност во распределбата на средствата планирани во Програмата за поддршка на граѓанските организации, како и еднакви шанси за сите заинтересирани корисници кои ги исполнуваат пропишаните услови.

Врз основа на направената евалуација од страна на Комисија беа селектирани проекти на вкупно девет -9  граѓански здруженија, кои ќе бидат корисници на грантови за 2021 година.

Временската рамка за спроведување на проектите е крајот на календарската година, а корисниците на средствата имаат обврска на транспарентен начин, по реализација на проектните активности, во рок од 30 дена да достават наративен и финансиски извештај за оправдување на искористените финансии, што пак, ќе биде еден од основените предуслови  за повторно аплицирање следната година.

Ранг листа на грантисти за 2021 година

Големина на фонт
Контраст