Решен долгогодишниот проблем со недостаток на стручен кадар во Градскиот музеј

Денеска во кабинетот на градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски свечено беа доделени договорите за вработување на првите стручни лица во Градскиот музеј во Крива Паланка.

Со овој чин се надмина долгогодишниот проблем со кој се соочуваше оваа локална установа, односно со недостаток на стручни лица кои ќе работат со збирките, документацијата и поставките во музејот, кои се во огромен број.

Денеска градоначалникот на општината свечено ги врачи договорите за екипирање на установата со стручни лица од областа на етнологијата, историјата и архивистиката, кои ќе работат во одделението за етнологија, одделението за историја и одделението за евиденција и документација во музејот.

Инаку ЛУ Градски музеј Крива Паланка е еден од двата музеи во РС Македонија кои се финансираат од општините, во случајот од општина Крива Паланка, и за разлика од сите останати локални и национални музеи не добива средства (за плати, надоместоци и тековни трошоци) од Буџетот на РСМ, ниту директно ниту како блок дотација.

Општина Крива Паланка и со овој чин покажа дека успешно менаџира со установата и во вакви услови, а примерот на нашата општина треба да се препознае и поддржи при процесите на децентрализација од централно на локално ниво на ингеренции и права кои ни претстојат во наредниот период.

 

Големина на фонт
Контраст