Нов профил во средното стручно образование: Здравствена струка во СОУ „Ѓорче Петров“

Во рамки на проектот Учи паметно, работи стручно, што е дел од процесот на унапредување на средното стручно образование што го започна Министерството за образование и наука, Општина Крива Паланка ги идентификува потребите од отварање на нов профил медицинска сестра од здравствена струка во СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка.

На седницата на Совет на општина Крива Паланка одржана на 12.03.2021 година советниците го усвоија Планот за упис во прва година во СОУ „Ѓорче Петров“ при што во учебната 2021/2022 година можност да се запишат имат вкупно 270 ученика во 9 паралелки  со настава на македонски наставен јазик и тоа:

1. Гимназиско образование со 136 ученика распоредени во 4 паралелки на македонски наставен јазик

2. Стручно образование – четиригодишно траење со 109 ученика распоредени во 4 паралелки на македонски наставен јазик и тоа

2.1 Машинска струка со 1 паралелка со 25 ученика во образовен профил машински техничар
(соработка со компанија ДЕМА-СТИЛ ДОО Крива Паланка)

2.2 Електротехничка струка со 1 паралелка со 25 ученика во образовен профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика
(соработка со компанија ДЕМА-СТИЛ ДОО Крива Паланка)

2.3 Угостителско-туристичка струка со 1 паралелка со 25 ученика во образовен профил угостителски техничар
(соработка со компанија ПАРК ГИНОВЦИ ДООЕЛ Ранковци)

2.4 Здравствена струка со 1 паралелка со 34 ученика во образовен профил медицинска сестра

3. Стручно образование – тригодишно траење со 25 ученика распоредено во 1 паралелка на македонски наставен јазик

3.1 Машинска струка со 1 паралелка  со 25  ученика во образовен профил автомеханичар
(соработка со компанија АД ПРОЛЕТЕР Крива Паланка)

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија

 

Големина на фонт
Контраст