Малите пијанисти од ООУ „Јоаким Крчовски“ успешно се претставија на „Денот на пијаното – Скопје 2021“

Малите пијанисти од Крива Паланка под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски викендов се закитија со дипломи за учество на реномираниот настан по повод Mеѓународниот ден на пијаното.

Годинава одбележувањето на „Ден на пијаното“ беше во Културно-информативниот центар во Скопје во  „Салонот 19:19“, со промоција на современи автори за пијано.

Во рамки на концертот „Звуците на класиката – прв дел” – Промоција на пиеси од пијанистичката збирка „Eureka” од американскиот композитор Christopher Oill и англискиот композитор Елена Девис од класата на професорката Жулина-Митовски се претставија Миа Тренчoвска, Меглена и Матеј Георгиеви.

Од настанот младите и талентирани пијано-виртуози од Крива Паланка, освен побогати за уште еден успешен настап, заминаа со дипломи за талентот и трудот кој несомнено го вложуваат со својата менторка.

Проф.Жулина-Митовски истакна дека се среќни што по подолго време поради панедмиските околности настапуваат во чест на „Денот на пијаното“.

„Среќна сум и горда на овој успех на моите ученици. Станува збор за реномиран настан и ни претставува голема чест што бевме дел од одбележувањето. Работевме напорно и посветено со моите ученици и покрај околностите и променетото секојдневие што ни го донесе пандемијата. Музиката, особено оваа која ја творат најмалите, е вистински лек во ова време!“ – порача проф. Жулина-Митовски потенцирајќи дека на настанот имале прилика да разменат искуства и знаења со колегите за текот на он-лајн наставата.

„Ден на пијано“ е настан кој се одржува еднаш годишно, 88-от ден во годината, затоа што тоа е бројот на дирките на пијаното. Се чествува, како што нотира германскиот пијанист и композитор Нилс Фрам, еден од основачите на идејата, најмногу поради радоста што ја носи прославата за пијаното како еден од најпопуларните и најомилените инструменти, вклучувајќи ги изведувачите, композиторите и како најбитни, слушателите”.

Целта на овој ден е да се споделува вековната радост од свирење на пијано, откривњето на новите звуци и трендови, како и да се создава платформа за настани кои можат да се поврзат со пијаното, со цел славењето на пијаното да биде еден од најрадосните празници, сплотен со радоста и убавината која ја носат и другите уметности. „Денот на пијаното“ во Скопје годинава се одбележа по јубилеен 5-ти пат.

М-р Светлана Димитриевска е организаторот која се погрижи настанот да биде беспрекорно организиран.

https://www.youtube.com/watch?v=jfaoJLPhRao&t=6s

https://www.youtube.com/watch?v=I_NwQIsVR9A&t=3s

https://www.youtube.com/watch?v=rBv9qNUF9m4

 

Големина на фонт
Контраст