Во Крива Паланка отворена пензионерска библиотека

Во клубот на пензионери Крива Паланка отворена е  пензионерска библиотека, наменета за сите пензионери од општината и соседната општина Ранковце.

Отворањето на библиотеката е активност од годишната програма на Здружението на старосни пензионери од Крива Паланка.

-Оваа библиотека ќе го краси и надополнува нашито клуб, каде дневно своето време го минуваат повеќе пензионери и пензионерки, со чај, кафе муабет, но и игри за рекреација, а отсега ќе можат и да го исполнат времето со добра книга или весници. Идејата е од поодамна, а Ковид-19 пандемијата малку го оддолжи овој проект, но, среќни сме што денес веќе имаме библиотека која ќе ги оставри, се надевам очекувањата на моите колеги и секако, уште ќе се надополнува, изјави Трајче Давидовски, претседател на Здружението на старосни пензионери Крива Паланка.

На отворањето присуствуваше и градоначалникот Борјанчо Мицевски, кој ја поздрави активноста.

 Со донација на неколку монографии за градот даваме придонес кон промоција на пишаниот збор и љубовта кон книгата. Во исто време ги повикувам сите локални автори, сограѓани и институции кои поседуваат примероци на наслови кои сакат да ги отстапат на библиотеката, тоа да го направат секој ден, доставувајќи ги лично во клубот на пензионери, рече Мицевски.

Настанот го реалзиираа двете здруженија на пензионери, старосни и пензионери-инвалиди на трудот, потпомогнати од активот на жени пензионерки од двете општини.

Големина на фонт
Контраст