Пингпонгарите од ППК „Крива Паланка“ први победници во јуниорската лига

Пингпонгарите и пингпонгарките од ППК „Крива Паланка“ се победници на финалните натпревари од јуниорската лига на РС Макеоднија.

Финалните мечеви од првото издание на јуниорската лига во организација на пингпонгарската федерација на Република Северна Македонија и пингпонгарски клуб Крива Паланка“ се одиграа викендов во спортската сала „Бранители 2001”, Крива Паланка.

-ППК Крива Паланка беше домаќин на најдобрите тринаесет клубови од државата кои во текот на сезоанта изборија пласман и се квалификуваа во финалните натпревари. Целиот тунир  изобилуваше со квалитетни натпревари, се играше поен за поен, а екипите на нашиот клуб се пласираа во финалните мечеви и во машка и во женската конкуренција. Двата наши претставника остварија победи, во женска конкуренција со 3:0 беше совладана екипата на  ППК „Крушево“,  а крушевчсани беа поразени и во машка конкуренција, во многу понеизвесен дуел што заврши со 3:2, изјави Јодранчо Миневски, претседател на ППК „Крива Паланка“.

Конечнито пласман во машка конкуренција јуниори е: прво место за ППК „Крива Паланка“, второпласиран е тимот на ППК „Крушево“, а трети се „Винспин“,

Во женска конкуренција првите две позиции се идентични: први се „Крива Паланка“, втори „Крушево“, додека третот место се пингпонгарките на ППК „Зегин“, Берово.

Во наредниот период ППК  Крива Паланка ќе биде домаќин на најголемиот број на натпреварувања во младинските категориипочнувајки од Телеком мастерс“-турнирите за играчи до 18 и 21 година на 03-ти односно 10 април.

Големина на фонт
Контраст