Фондот за донации „Бел Идеал” ги награди младите франкофони од подрачните училишта на ООУ „Јоаким Крчовски“

Младите франкофони од подрачните училишта на ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, од 16 до 28 февруари 2021 година имаа можност да учествуваат на натпреварот за најдобра фотографија, организиран од фондот за донации „Бел Идеал” од Париз во соработка со училиштето.

Целта на овој натпревар беше да се истакне креативноста на учениците изолирани поради здравствената состојба, но и поради нивното место за живеење (во оддалечени села).

Како што беше планирано, Бел Идеал одбра по еден победник од секое село за најдобра фотографија на тема  „Денот на палачинката“, додели специјална награда од жирито како и изненадувања за сите учесници на натпреварот.

Победниците на натпреварот,  Симона Јовановска од с. Жидилово, Давор Илиевски од с.Дурачка Река и Дамјан Велиновски од с. Добровница, добија таблети. Специјалната награда од жирито беше доделена на ученикот Јован Дејановски од село Жидилово, а сите останати учесници на натпреварот добија паметни часовници.

Им честитаме на сите учесници на натпреварот и Ве информираме дека подготвуваме други анимации и игри за Франкофоните од Република Северна Македонија, истакна основачот на фондацијата, г-ѓа Јадранка Бојковска Бенрејдал.

Големина на фонт
Контраст