Промоција и примопредавање на првите дела од збирката за современа ликовна уметност во Градскиот музеј

Во просториите на ЛУ Градски музеј Крива Паланка се оддржа свечена промоција и официјално примопредавање на првите дела во Збирката за современа ликовна уметност на Градскиот музеј.

Станува збор за современи уметнички дела, создадени во рамки на проектот „Сите бои на џезот“ на Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, а автори се академските сликари Димитар Стојчевски, Роберт Цветковски и Нела Јанчевска.

Целата на оформување на една ваква значајна збирка е да се иницира достојна презентација на творештвото на нашите уметници, да се поттикне дарувањето во уметноста и делата да  останат како трајна вредност за наредните генерации, а Градскиот музеј, како институција задолжена за заштита, валоризација и презентација на културното наследство на Крива Паланка, е најсоодветното место за оваа збирка.

На свеченоста посебно признание му беше одадено на неодамна починатиот академски сликар Димитар Стојчевски и беше најавено дека оваа година во негова чест ќе се реализираат повеќе настани и проекти.

 

Големина на фонт
Контраст