Заедничка хуманитарна акција за поддршка на ранливите категории на граѓани

Општина Крива Паланка заедно со ОО Црвен крст Крива Паланка, во соработка со Државна лотарија на Македонија како општествено одговорна компанија, денес ја отпочнаа заедничката хуманитарна акција за поддршка на ранливи категории на граѓани во услови на пандемија и справување со Ковид-19.

Во заедничката  хуманитарна акција беа посетени домови на социјално загрозени, немоќни и самечки домаќинства на кои им беа подарени првите пакетчиња со витамин и суплементи за подобрување на личниот имунитет и на здравствената состојба.

Општина Крива Паланка континуирано работи на поддршка и помош на ранливите категории на граѓани, а во тек е пријавувањето на кандидати за избор на 20 лиценцирани негователи.  Ова е активност во рамки на проектот „Одговорни институции  – задоволни граѓани“, финансиски поддржан од МТСП,  со кој во следните 18 месеци ќе се врши испорака на услуги за помош во домот на 40 домаќинства. Сите заинтересирани невработени лица може да се пријават секој работен ден во ОО Црвен крст Крива Паланка, до 21 март.

 

Големина на фонт
Контраст