Тековни градежни активности за подобрување на комуналната инфраструктура

Со почеток на градежната сезона, градежната активности во општина Крива Паланка, и во време на пандемија, продолжуват со засилен интензитет.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски со претставници на општинската администрација и претставници на ЈП „Комуналец“ направи увид на дел од градежните активности кои се одвиваат на локално ниво. Поволните временски услови овозможуваат работите да течат со задоволително темпо.

Во моментот на територија на општина Крива Паланка освен градскиот парк и плоштад, регулација на речното корито на Крива Река, изградба на канализациони системи во населбите „Крстата Падина“ и  „Мизовски Ливади“, се одвиваат и активности за изградба на потпорни стени на неколку локации, уредување на мини детски парк во населба „Скрљава“, се вршат подготвителни активности за изградба на крак на канализација на локалитет „Цонев Рид“, санација на инсталации на улица „Ристена Гогова“ и санација на клучка на „Домачки Дол“ со велосипедска патека.

Капиталните инвестиции, вложувањата во инфраструктурни проекти на локално ниво се предуслов за подобрување на условите за живот на граѓаните, но и за развој општината.

Градиме по план низ целата општина. Капиталните проекти продолжуваат со забрзана динамика, посветено ја градиме нашата општина по европски пример.

 

Големина на фонт
Контраст