Отворена е самостојна изложба на  дела на мултимедијалниот уметник Мице Јанкуловски

Во просториите на ЛУ Градски музеј Крива Паланка  отворена е самостојна изложба на  дела на мултимедијалниот уметник Мице Јанкуловски, по повод 50 години творештво.

Јанкуловски, кој е македонски, но и светски признат сликар, карикатурист, аниматор, пишувач на палиндроми, последните 10 години е препознатлив по својата црна форма, односно делата што ги создава во исклучиво црна боја и со кои ја интригира светската јавност.

Изложбата ја отворија Роберт Алаѓозовски, посебен советник за култура во Владата на РС Македонија, и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Во рамките на изложбата беше промовирана публикација по повод 50 годишното творештво на Јанкуловски, а беше прикажан и видео материјал со осврт за делата на Јанкуловски.

Целиот настан е во организација на ЛУ Градски музеј Крива Паланка и галеријата „Остен“ од Скопје, а истиот е поддржан од Министерството за култура и Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст