Крива Паланка ќе добие енергетски ефикасно осветлување

Денес, 5 март, Меѓународниот ден на енергетската ефикасност, Општина Крива Паланка го одбележува на најдобар можен начин, со потпишување на Договор за јавно-приватно партнерство за промена и модернизација на уличното осветлување по ЕСКО модел. Договорот е потпишан во присуство на министерот за економија Крешник Бектеши.

По претходно направената Студија за јавно-приватно партнерство и добиените податоци, во моментот, уличното осветлување во општина Крива Паланка се состои од 2355 светилки кои даваат вкупната потрошувачка за улично осветлување од 351 KW односно повеке од 1.5 милиони КW/ годишна потрошувачка.

Со планираната реконструкција на 2217 светилки се планира заштеда од 276  KW односно повеке од 1.279.000,00 КW/годишна потрошувачка, што е приближно 80% на заштеда.

Вкупните инвестициски трошоци за ЕСКО компанијата се во износ од 65,517,730.19 со ДДВ, периодот на отплата на инвестицијата 72 месеци или 6 години.  Животен век на светилките 100.000 работни часа или приближно 23 години, со нето финансиска корист за Општината од 37,010,602.35 денари.

Инаку во изминатите три години Општина Крива Паланка посветено работи на енергетската ефикасност при што ги има реализирано следните проекти:

  1. Изработен целосен проект и издадено одобрение за изградба на секундарна гасификациона мрежа од 9 км.
  2. Променета фасада и столарија на ЈОУДГ Детелинка преку УНОПС Норвешка Амбасада во висина од 92.000$.
  3. Променет систем за затоплување и вид на гориво во ЈОУД Детелинка во висина од 1.800.000 денари преку Министерство за економија.
  4. Променета фасада на ООУ Јоаким Крчовски во висина од 3.400.000 денари, средства обезбедени од сопствени извори.
  5. Преку проект на Министерство за финансии поставени се фотоволтаични панели на ООУ Илинден, ООУ Јоаким Крчовски и СОУ Ѓорче Петров во висина од околу 2.400.000 денари.

Општина Крива Паланка ќе продолжи да работи на полето на енергетска ефикасност, како еден од стратешките приоритети за одржлив развој на заедницата.

Големина на фонт
Контраст