Во Крива Паланка се одржа инфо ден за распишаниот Јавен повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации за 2021 година

Денеска во просториите на Општина Крива Паланка се одржа инфо ден за здруженија на граѓани и фондации, кои се заинтересирани да аплицираат на распишаниот ЈАВЕН ПОВИК за поднесување на пријави за финансиска поддршка за користење на средства од буџетот на Општина Крива Паланка за 2021 година, наменети за проектни активности на здруженија и фондации со седиште во Општина Крива Паланка .

На инфо денот, заинтересираните претставници на здруженијата и фондациите, беа информирани за критериумите кои треба да ги исполнат здруженијата, беше детално објаснет начинот на пополнување на апликацијата и пополнување на формуларите, потребната документација која треба да се достави во склоп на апликацијата, беа дискутирани видовите на проекти кои ќе бидат поддржани како и извештаите кои ќе треба да се достават по реализација на проектите.

Големина на фонт
Контраст