Изложба на дела од Мице Јанкуловски во Градскиот музеј

Вечерва со почеток во 19.00 часот во Градскиот музеј во Крива Паланка ќе биде отворена изложбата на дела на академскиот сликар Мицко /Мице/ Јанкуловски со наслов „50 години творештво“.

На изложбате ќе бидат прикажани триесетина дела од  долгогодишната кариера на авторот, селектирани од страна на Корнелија Конеска, куратор на изложбата.

Изложбата ќе ја отворат Роберт Алаѓозовски, посебен советник за култура во Владата на РС Македонија, и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Во рамките на изложбата ќе биде промовирана публикација по повод 50 годишното творештво на Јанкуловски, а ќе биде прикажан и видео материјал со осврт за делата на Јанкуловски. Промотор на овој монографски труд ќе биде Жаклина Цветковска.

Целиот настан е во организација на ЛУ Градски музеј Крива Паланка и галеријата „Остен“ од Скопје, а истиот е поддржан од Министерството за култура и Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст