Градоначалникот Мицевски оствари средба со Аксел Ахмедовски, советник за решавање на правни прашања и постапки

Советникот на Премиерот, за решавање на правни прашања и постапки, Аксел Ахмедовски и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски денес остварија работна средба на која се дискутираше на повеќе теми од поширок интерес за граѓаните од ромската заедница.

Акцент беше ставен на проблемите и приоритетите на ромското насление, како и за можноста за аплицирање со проекти по претстојниот Јавен повик на Министерството за транспорт и врски, за чии насоки информираше советникот Ахмедовски.

За  јавениот повик на Министерството за транспорт и врски, кој се очекува во следните месеци, обезбедени се вкупно 20 милиони денари, а ќе може да се аплицира со проекти од комуналната инфраструктура, за решавање на проблеми со пристапни улици, канализација и водовод и слични  проекти  од интерес на ромското население.

Градоначалникот Мицевски истакна дека изминатиот период се реализирани голем број на активности за подобрување на животот на граѓаните од ромска националност во Крива Паланка, а во тек се и измените на ДУП-от со кој е испланирана и изградба на станбен објект-зграда со социјални станови за ранливите категории граѓани, како и регулацијата на долот во населба Единство, а се со цел да се подобри квалитетот на живот на ромската заедница во Крива Паланка.

 

 

Големина на фонт
Контраст