Градоначалникот Мицевски оствари средба со младиот успешен кошаркар Горазд Величковски

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денес оствари  средба со младиот кошаркар Горазд Величковски од Крива Паланка, кој деновиве потпиша договор со најтрофејниот македонски кошаркарски клуб- Работнички од Скопје.

Овој голем успех на Горазд Величковски е резултат на неговиот талент, упорност, напорни и континуирани тренинзи, кои Горазд уште како дете од неполни 7 години ги започна во Кошаркаскиот клуб  Крива Паланка под водство на тренерите Ведран Белешковски и Мирослав Ивановски, а подоцна и во КК Феникс 2010 од Скопје со тренерот Денис Давидовиќ.

Горазд Величковски воедно е и дел од кошаркарската репрезентација на РС Македонија до 16 години, која минатата година оствари историски пласман во А -дивизијата.

Во оваа прилика во знак на благодарност за достојно претставување на Крива Паланка, за вложениот труд, упорност,  постигнатите досегашни резултати и потпишаниот договор со КК Работнички, на младиот кошаркарски талент, градоначалникот Мицевски му врачи плакета и Монографија на Крива Паланка 1633-2020 со посвета и искрени желби за успешна понатамошна кариера,  како во новиот кошаркарски клуб Работнички, така и во реномирани европски тимови и професионалната НБА лига.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст