Усвоен Буџетот на Општина Крива Паланка за 2021 година

На последната 46-та седница на Советот е усвиен Буџетот на општина Крива Паланка за 2021 година кој е проектиран на 421.051.329 денари.

При креирање на Буџетот почитувани се начелата на економичност и рационалност во трошењето на буџетските средства. Буџетот е изготвен врз основа на дефинирани програми, транспарентно планирање, дисциплинирано трошење и ригорозна контрола на непродуктивните расходи без да се наруши нормалното функционирање на буџетските институции.

Буџетот на општина Крива Паланка е составен од основен буџет 176.319.992 денари, буџет на самофинансирачки активности 4.290.000 денари, буџет на дотации 196.181.000 денари, буџет на донации 18.260.337 денари, буџет на кредити (заеми) 26.000.000 денари или вкупен буџет за 2021 е 421.051.329 денари.

Вредноста на капиталните инвестиции во овој Буџет изнесува 86.800.000 денари. Најголемо финансирање во капиталните инвестиции има во програмата ЈД изградба и одржување на локални патишта и улици и во програмата ЈИ изградба на канализациони мрежи.

Заемот (кредитот) во моментот се користи за изградба на регулација на речното корито на Крива Река во централното градско подрачје во должина од 926 метри.

При изготвување на Буџетот се почитувани важечките законски прописи и насоките добиени од Министерство за финансии за изготвување на Буџети на единици на локална самоуправа.

Буџетот е реален, а истиот презема и обврски (долгови) од предходните години.

Големина на фонт
Контраст