Еко-акција „Пластика не-патека да“

Граѓанската организација „Норгес вел“ заедно со волонтери од Црвен крст и спортисти ја спроведоа еколошката акција „Пластика не-патека да“, на пешачко –рекреативната патека стара вада во Крива Паланка.

-Денешната акција со дружење и активности за собирање пластичен отпад, но и поставување табли со пораки за зачувување на природата, е модел со кој сакаме да допреме до свеста на несовесните лица кои даваат лош пример за заштита на она што природата ни го дала. Имајки ги во предвид вложените напори да се разубави нашиот град и да имаме места каде ќе можеме да уживаме во преубавата природа, направени се повеќе патеки за рекреација во градот. Тие патеки се за сите, но не и за неодговорните лица кои шетајќи по патеките ја загадуваат околината и го оставаат својот смет зад себе, без да помислат на штетата која ја нанесуваат врз природата и она што живот значи.Од тие причини преку креативен пристап ја организиравме оваа акција за подигање на свеста на сите кога се работи на зачувување на она што е направено за доброто на градот и за нас како совесни граѓани, изјави Даниела Анастасовска од „Норгес вел“.

Акцијата ја организира Здружението „Норгес вел“ во соработка со НВО Инфо Центар, Скопје во рамки на проектот ,,Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво,“ со подршка од Општина Крива Паланка, a се вклучија Црвен крст –Крива Паланка и карате клуб „Шампион“.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст