Јавна објава за изнајмување на продажен штанд по повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници

По повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници во текот на месец  декември 2020 и јануари 2021 година,  на локалитетот пред општинската зграда и Центар за култура ќе се постави урбана опрема од монтажни куќи како продажен штанд.

Ги известуваме сите заинтересирани физички лица и правни субјекти кои имаат потреба за изнајмување на продажен штанд на претходно именуваниот локалитет, можат да поднесат барање до општината за одобрување, според веќе дефинирани локации за поставување на продажни штандови и тоа за период од 15.12.2020 до 15.01.2021 година.

Сите заинтересирани баратели, потребно е да поднесат барање до Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина при Општина Крива Паланка каде ќе биде одреден временскиот период и локацијата на продажниот штанд-монтажна куќа  со претходна платена администартивна такса, комунална такса и такса за закуп на простор.

Одредување на бројот на продажниот штанд по барател ќе биде на принципот прв дојден прв услужен.

Општина Крива Паланка
Градоначалник
Борјанчо Мицевски

Големина на фонт
Контраст